
Нашата компанија користи лим исклучиво од прва класа. Најчесто се користи пластифициран лим, односно двојно заштитен лим.Прво поцинкуван со околу 140гр. цинк по 1 метар квадратен, па потоа и пластифициран и на крај бојата е печена во специјална печка. Принциопот на печење на бојата наликува принципот на печење на лимаријата од автомобилите.

Трендот на користење на лим е во постојан пораст, поради многубројните негови предности, за разика од керамидите тој е многу поевтин, многу поцврст и отпорен на надворешни влијанија , ја задржува бојата и доколку е соодветно и професионално намонтиран, покривот во наредните 50 години ќе биде во иста состојба како и на првиот ден.
За покривање на куќи и згради, идеална комбинација е дрвена конструкција покриена со лим и изолација ISOVER за звучна и топлинска изолираност на објектот.
Особено кај зградите со рамен кров, кај кои протекувањето на покривот е секојдневие, единствено трајно и финансиски поволно решение е градење на мини дрвена конструкција и покривање со лим.
Лимот е единствено евтино и трајно решение за замена на салонитките, кои што се азбестни и се канцерогени и многу штетни по човековото здравје а кои во голема мера се употребуваа во минатото.
Фабричките спецификации велат дека соодведствено на климатските услови на ова поднебје, лимот нема да има никаков проблем барем 30-50 години.






