logo
За нас
КОГА ПОЛЕТНОСТА НА МЛАДОСТА И ЗРЕЛОСТА НА ИСКУСТВОТО,НИСКИТЕ ЦЕНИ И ЕКСТРЕМНО ВИСОКИОТ КВАЛИТЕТ СЕ СРЕТНУВААТ,КОГА ГРАДЕЊЕТО Е УМЕТНОСТ…

     Ние сме компанија која што се роди од потребата првата класа на материјали и квалитетната изработка да биде со попристапни цени и достапна до сите наши потенцијални клиенти.
Постоиме за да ги оствариме желбите и потребите на нашите клиенти, кои што се и ќе останат наш врвен приоритет и се стожерот околу кој се насочува целата наша креативност и енергија.

     Работиме напорно, инвестираме во врвна опрема, соработуваме исклучиво со најквалитетните и веќе докажани брендови во оваа област.Но најважно од се, инвестираме во човечките ресурси, вработувајки искусни и докажани мајстори во својата област, поддржани од тим на млади, креативни и амбициозни луѓе. Целиме кон што повеќе задоволни клиенти и успешно завршени проекти кои ќе постават нови естетски и квалитативни стандарди во градежништвото.

Зошто соработка со Филип Прима?

- Во Филип Прима работат исклучиво мајстори кои ги имаат поминато курсевите организирани од Кнауф, се здобиени со сертификат за квалитетна изведба на работата, поделени во групи, секоја со одговорен мајстор (бригадир), спремни за нови предизвици
- Филип Прима е лиценцирана компанија од страна на Кнауф, за вградување на сите производи од нивната широка палета
- Во Филип Прима се вработените инженери (архитекти), како надзори од самата компанија, се грижат за беспрекорна изведба на работите
- Како компанија има изведено голем број на референтни објекти, од скопскиот аеродром до резиденции, амбасади, судови....види референтна листа (линк)