За нас
За нас
Повеќе од 17 години искуство во градежништвото
Filip Prima е македонска компанија со повеќе од 17 години искуство во градежништвото, препознатлива по високите стандарди, сигурноста и професионалната изведба.
Нашиот тим е составен од искусни инженери, архитекти и квалификувани мајстори, кои со посветеност и прецизност реализираат проекти низ цела Македонија и регионот.
Компанијата обезбедува целосни решенија за внатрешни и надворешни завршни работи – од карабина до целосна изведба, клуч на рака, сувомонтажни и фасадни системи, до малтерисување, изолации и молерисување,користејќи современи материјали и докажани технологии.
Нашата визија е да создадеме објекти кои траат и инспирираат – совршен спој на квалитет, функционалност и естетика, со што Filip Prima останува симбол на доверба и професионализам во градежништвото.
Во продолжение само со еден клик имате пристап до нашите услуги и проекти.
Висококвалитетна изградба
Изведба на станбени, деловни и индустриски објекти со прецизност и користење на најсовремени материјали и технологии.
Јавни и државни објекти
Богато портфолио со успешно реализирани проекти за институции, училишта, амбасади и други јавни објекти низ Македонија.
Објекти „клуч на рака“
Комплетна изведба – од основни градежни работи до финални завршници, подготвени за веднаш вселување и употреба.
100+
Успешно реализирани проекти низ Македонија и регионот
50+
Инженери, архитекти и квалификувани мајстори во нашиот тим
200+
Соработници, инвеститори и доверливи партнери со кои заедно градиме успешни приказни
17+
Години искуство и докажан квалитет во градежништвото
Наши предности
Секој проект – наша визит-карта.

Сигурна изведба
Гарантиран квалитет и контрола на секоја фаза од градбата.

Современи технологии
Применуваме иновативни материјали и техники според европски стандарди.

Професионален тим
Искуство, одговорност и координација на сите нивоа од изведбата.

Долгорочни резултати
Објекти што траат и ја зголемуваат вредноста на просторот.
Соработуваме со најдобрите
Соработка што
создава успех
Нашите успеси се резултат на силни партнерства и тим од врвни професионалци кои веруваат во истите вредности – квалитет, сигурност и посветеност.
Со повеќе од 17 години искуство, Filip Prima постојано гради доверба со своите клиенти и партнери преку врвна изведба и современи решенија.
Доколку сте мајстор, инженер или архитект кој сака да биде дел од компанија што гради со визија, или пак сакате да воспоставите соработка со нас – Ве покануваме да ни се придружите во создавањето на проекти што оставаат трага.
Нашата сила е во тимот
Секој успех е резултат на сплотен тим и јасна визија. Нашата сила лежи во луѓето – мајстори, инженери и архитекти кои секојдневно вложуваат знаење и труд за да создадат проекти што траат.
- Искусен и квалификуван кадар
- Современи технологии и стандарди
- Тимска работа и координација
- Гаранција за сигурност и квалитет
Доверба и вредност
Наши клиенти









